ИЗЛОЖБА НА АНГЕЛИЦА СТОИЛЈКОВИЌ ВО МКЦ
Во горното фоаје на Младинскиот културен центар во Скопје, денес (15 мај 2018) во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Ангелца Стоилјковиќ насловена „Предели на поетиката на предвидливото во трансферзалите на ововремената појавна стварност“…
На изложбата авторот ќе се претстави со 24 дела, цртежи изработени во 2017 и 2018 година. Ангелца Стоиљковиќ е добитник на наградата на ДЛУМ за најдобар „Експериментален цртеж“ во 2017 година и оваа изложба ДЛУМ ја организира како наградна изложба.
Љубителите на ликовнaта уметност изложбата ќе имаат можност да ја видат до 25 мај.