ИЗЛОЖБА НА ДАРКО ТАЛЕСКИ ВО ПРИЛЕП

Изложбата насловена „Дали и ти си мигрант?“ на прилепскиот уметник Дарко Талески ќе биде отворена денеска, петок 1 јуни, во 20 часот во ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп …

Ќе бидат претставени пет портрети на прилепски уметници и низ колаж од лични фотографии,фотографии од настани, со текстуални изјави и факти се отсликува животната приказна на уметниците и нивните семејства кои морале да се преселуваат низ балканските простори.

Дарко Талески завршил Факултет за ликовна уметност во Велико Трново, Република Бугарија каде што и магистрирал на тема медиум и реклама. Талески учествувал на повеќе изложби во Македонија, Бугарија, Англија, Мозамбик, Германија, Босна и Хецеговина, САД, Канада, Австрија, Тајван, Франција. Работи како наставни по ликовно образование, каде својот интерес кон стоп моушн анимацијата ја имплементира и во работата со учениците.