ИЗЛОЖБА НА ЕМИЛ ДИМОСКИ ВО ПРИЛЕП
Вечерва со почеток во 20.30 часот во галеријата „Борко Лазески“, ќе биде отворена изложбата „(Не) заборав“ од прилепчанецот Емил Димоски, кој ќе се претстави со дела со кои не дозволува старата архитектура да замине во заборав …
Посетителите ќе имаат ретка можност да проследат макети, слики и друг вид на творби дел од македонската традиција создавани години наназад.