ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА ДРАЖАН БРАЧИЌ

Истакнато Култура

„Ритам во кадар“ е насловена изложбата на фотографии на Дражан Брачиќ која ќе биде отворена денеска во 20 часот во ликовната галерија при Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево.

Изложбата е плод на долгогодишно фотографирање на under-ground атмосферата во повеќе клубови, импровизирани сцени и простори, каде не импонира името на бендот туку нивната енергија и емоции искажани на сцената и нејзиното влијание врз публиката.

Дражан Брачиќ е фотограф – член на фото сојуз на Македонија и на Србија, автор на три самостојни и повеќе групни изложби од домашен и меѓународен карактер. За своите фотографии Брачиќ е добитник повеќе домашни и меѓународни признанија, а освен во земјава тие се презентирани и во Бугарија, Црна Гора, Франција, Хрватска, Србија, Турција, Русија, Словенија, Индонезија…