|

Изложба на карикатури и афоризми од „Струмица 2018“ во Куманово

Во изложбениот салон при Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре, четврток 19 април во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од 19-от меѓународен Фестивал на афоризми и карикатури „Струмица 2018“…

Изложбата содржи 24 најуспешни карикатури работени во повеќе ликовни техники, а паралелно со нив ќе бидат промовирани и наградените афоризми интерпретирани од професионални актери.

Станува збор за традиционален интернационален фестивал којшто годинава се одржа по 19-ти пат. Фестивалот е составен дел на традиционалниот Струмички карневал и претставува културен бренд по којшто градот се промовира на меѓународен план.

Организатор и координатор на проектот е Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица.



Слични Објави