ИЗЛОЖБА НА СТАРИ ФОТОГРАФИИ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА ИЉО 2018“

Денеска (16 мај) во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ на традиционална меѓународна културна манифестација „Денови на Иљо 2018“, која од 10 до 25 мај се одржува во Тетово, во 19 часот ќе биде отворена изложба на стари фотографии насловена „Културно-уметничкото живеење во Тетово (1922 – 1992)“ од Горан Ѓоровски …

Ќе бидат презентирани 70 фотографии преку кои посетителите ќе можат да се запознаат со културното живеење во Тетово во периодот 1922 – 1992.

Претходно, во рамките на манифестацијата, која е во организација на Здружението за култура и уметност „Иљо Антевски-Смок“ и чија цел е промоција и заштита на културно-уметничкото богатство на Република Македонија, посетителите можеа да проследат изложба на карикатури, поетска вечер, фестивал на афоризми, хумор и сатира и тетовски хорски средби.

Во наредните денови, пак, следува реализацијата на меѓународен фолклорен фестивал, изложбата „Стара архитектура од Долни Полог – Тетовско“, театарска претстава и вечер на изворни староградски песни.

Генерален покровител на манифестацијата е Министерството за култура.

Слични Објави