Изложба на Верче Андонова во Кратово
Во домот на културата „Лазар Софијанов“ во Кратово денес, 24 април,во 12 часот ќе биде отворена изложба на дела на Верче Андонова.
Во рамки на изложбата пред посетителите ќе бидат изложени 200 дела работени во т.н. арапска техника. Таа е една од ретките, која го практикува арапското цртање, а изложбата е само уште една потвра дека и лицата со попреченост умеат да творат и создаваат.
Андонова оваа техника ја научила додека била штитеник на Домот за деца без родители во Скопје. Покрај тоа што практицира арапско цртање, Андонова свири на клавир, а на спортски план е неколкукратна шампионка во пинг-понг на Специјалната олимпијада но и на меѓународни натпреварувања.
Изложбата е во организација на Здружението Цивитас и ЦПЛИП „Порака“ – Штип.