ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ПАТОТ ВЕЛЕС – НЕГОТИНО, СЕ ПОСТАВУВА ОСВЕТЛУВАЊЕ

//

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од вчера почнаа градежни активности за поставување на канделабри односно електрично осветлување на магистрален пат А1 патен правец Велес-Неготино, клучка Велес-Југ. Активностите ќе траат 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.



АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2019 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15 март.



Претходна статија

ПОВТОРНО СЕ ЗАТРЕСЕ АЛБАНИЈА: ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 4 СТЕПЕНИ ГО ПОГОДИ ДРАЧ

Следна статија

АЛУШОВСКИ: ДА ОСВОИМЕ, БАРЕМ, ТРИ ПЕХАРИ СО ВАРДАР ОВАА СЕЗОНА!

Најново од Вести