Израелски воени авиони нападнале во близина на Дамаск, сириската армија возвратила
Ираелските воздушни сили извеле напад на воени цели во близина на Дамаск, а сириската војска одговорила со против-воздушната одбрана, истакнувајќи дека успешно биле соборени израелските ракети. Израелските воени авиони го извеле нападот од либански воздушен простор, секако, без притоа да добијат дозвола за тоа од либанските власти.
„Централната команда на Сириските вооружени сили смета дека Израел е целосно одговорен за опасните последици кои што ќе произлезат од нивните агресивни и погрешно пресметани авантури“, стои во соопштението на сириската армија после најновиот инцидент.
Од израелска страна засега нема коментари, но секако, од официјален Тел Авив обично не ги коментираат ваквите напади.
Во последните неколку години, израелските воздушни сили извеле над стотина воздушни напади на објекти на сириска територија, а нападите речиси секогаш се изведуваат со лансирање на ракети од либанскиот воздушен простор.