|

Јанеска била пронајдена со прострелна рана во главата – Детали за смртта на Македонката во Јужна Африка

Повикувајќи се извори на полицијата во Јужна Африка, јужноафриканскиот портал „Њуз24“ објави дека македонската државјанка Маја Јанеска била пронајдена со прострелна рана во главата во Јужна Африка, пренесува Телма.

Притоа, во веста се додава дека е отворена истрага, но случајот, барем, во оваа фаза не се третира како сомнителен.

„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило на имотот Басонија. По пристигнување на посолената локација, полицијата пронашла жена во спална соба со прострелна рана во главата. До неа е пронајдено огнено оружје. Медицинските екипи констатирале смрт“, изјави полковник Мавелка Масондо, портпаролот на полицијата.

„Њуз24“ наведува дека нејзиното момче било во куќата.

Јанеска пред неколку денови била во земјава за прослава на признавањето на Македонија од Јужна Африка и за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји во што и самата помогнала.

За време на престојоит во Скопје, таа одржала и мотивациски говор пред студенти на ФОН на кои им раскажала како на 19-годишна возраст се преселила во Танзанија каде добила понуда да работи во хотел, го научила свахили јазикот и започнала кариера како стилистка и шминкерка.

Извор: zoom.mk



Слични Објави