| |

КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ НЕ ОТКРИВА КОИ ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ ПОБАРАЛЕ ПОМИЛУВАЊЕ

Кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов официјално не открива кои од 16 – те осудени за крвавиот 27 – ми април поднеле барање за помилување адресирано лично до шефот на државата. Официјално од вилата на Водно има само потврда дека молби за милост пристигнале на нивна адреса. Алсат контактираше со дел од адвокатите на осудените.

Поголем дел од нив објаснија дека барањата за помилувања ги испратиле семејствата на осудениците. Но, официјално помилување за Александар Василевски – Нинџа и Душко Лазаров, побарал адвокатот Ѕвонко Давидовиќ. Освен преку него, во нивно име пратиле молба да бидат ослободени и нивните најблиски роднини откако судот им пресуди за терористичко загрозување на уставниот поредок – Лазаров на 15 години, а Нинџа на осум години затвор. (Повеќе)

Слични Објави