КАКО ДА СЕ СПАСИТЕ НА ПРИРОДЕН НАЧИН ОД ПОТЕЊЕТО ВО ЖЕШТИНИТЕ

/

Времето надвор е пеколно жешко, и со тоа се појавува и досадниот проблем со прекумерното потење. Затоа, не чекајте  и направете си домашен антиперспирант од ружа и масло од чајно дрво за да го спречите овој проблем.
Подготовката на овој домашен „дезодоранс“е повеќе од едноставна. Ви треба само 1 чаша вода, 1 лажица цветови од ружа и 15-20 капки масло од чајно дрво.
Ставете ја водата во тенџере. Додајте ги цветовите од ружи. Течноста треба да зоврие, а потоа оставете ја да излади. Префрлете ја изладената смеса во шише и додадете го маслото од чајно дрво. Нанесувајте ја готовата смеса на пазувите по капење.

 



Претходна статија

СУПЕРМЕН ПОСТОИ-ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ПОЖАРНИКАР ОД ЛАТВИЈА СПАСИ ЖЕНА КОЈА САКАШЕ ДА ИЗВРШИ САМОУБИСТВО

Следна статија

МАЛИТЕ „ЅВЕРКИ“ ОД МЕМИЊАТА НЕКОГАШ И ДЕНЕС (ВИДЕО)

Најново од Магазин