ЕВЕ КАКО ЈА ГУБИШ ЖЕНАТА КОЈА ТЕ САКА

Ја губиш кога ќе сфати дека за тебе секогаш била опција. Додека ти за неа си бил најважниот приоритет во нејзиниот живот …

Ја губиш кога ја држиш на растојание, а таа самата јасно и категорично покажува дека те избира тебе. Само тебе!

Ја губиш кога ќе и дадеш ветувања за утре … и тоа утре никогаш не доаѓа.

Ја губиш кога повторно ќе ја излажеш. А таа повторно и повторно треба да ти простува …

Ја губиш  кога ја оставаш сама, наместо да бидеш до неа … ја губиш  кога ја користиш. Физички и емотивно …

Ја губиш кога ќе ја нападнеш за тоа што се чувствува збунета, слаба, несреќна со тебе. А многу добро знаеш дека ти си причината да се чувствува така … Ја губиш  кога таа ќе сфати дека е единствената која се бори за вашата врска …  кога не одговараш на нејзините пораки и повици и ја тераш со часови да зјапа во екранот на телефонот …  Ја губиш кога ќе дадеш можност на некој друг да се однесува со неа како што заслужува!