КАКО ПОЧНУВА ПРОЦЕДУРАТА ИН ВИТРО ЧЕКОР ПО ЧЕКОР

Понекогаш двете црти од тестот за бременост не се појавуваат по многу обиди и парот што ќе го снајде овој проблем, почнува да си поставува еден куп прашања. Понекогаш одговорот на овие прашања е ин витро методологијата, која во последните 30 години дала живот на илјадници бебињава низ целиот свет. Првиот чекор е парот да избере гинеколог, кој е добро обучен репродуктивен специјалист. Со помош на овој лекар и тим од специјалисти кои ја имаат потребната опрема, шансите за успех значајно се зголемуваат. Важно е да се запомни дека неплодноста е проблем што ги засега во еднаква мера како жените, така и мажите, затоа е добро патот кон сонуваното бебе да го почнете заедно – со посета на репродуктивниот специјалист и дискутирање на планот за зачнување. За време на првата консултација репродуктивниот специјалист ќе се запознае со деталната здравствена историја на двајцата партнери, овде се имаат во предвид сите претходни истражувања, придружните заболувања и факторите на ризик. На жената се врши преглед со ултразвучна дијагностика за дефинирање на гинеколошки статус и проценка на состојбата на јајниците, матката, дебелината на матката и др. Следува серија од прегледи кај жената, во кои се следи барем еден менструален циклус со промените кои се случуваат во текот на неговите фази. Препорачливо е првиот преглед со ултразвучна дијагностика да се одржи на 9-10 ден од месечниот циклус кај нормално времетраењето на циклусот од 28 дена. При подолг циклус, на пример над 32 дена, тогаш е препорачливо прегледот да се одржи на 12-13-тиот ден. Должината на месечниот циклус се пресметува од првиот ден на крварење од претходниот месец до првиот ден на крварење во тековниот месец. Кај жената се истражуваат уште т. н. базални хормони меѓу третиот и петиот ден од циклусот -LH, FSH, Estradiol, Prolactin, а при овулација – Progesteronе (20-24-тиот ден од месечниот циклус). Се истражуваат јајцеводите преку хидротубација под ултразвучна контрола или преку хистеросалпингографија (т.н.. “Слика во боја” – HSG). Мажот треба да направи спермограм.  Репродуктивниот специјалист може да назначи и други истражувања, како цитогенетичка анализа, генетски истражувања за вродени тромбофилии, спермограм со оценка Кругер, т.нар. проширен спермограм, и др. Откако резултатите од горните истражувања бидат готови, парот се консултира со лекар и ако нема контраиндикации се планира претстојната инвитро постапка. Таа почнува со стимулација на јајниците на жената или т.н. контролирана хиперстимулација на јајниците.

Продолжува…