Каква била реакцијата на Васил Чекаларов кога погрчениот поп Герман му кажал дека Македонците се потомци на Александар Македонски

//

По повод годишнината од смртта на големиот војвода на Организацијата Васил Чекаларов (1874-1913), објавуваме краток дел од неговиот дневник пишуван во периодот 1901-1903 г. Во извадокот Чекаларов раскажува за еден поп Герман, кој го убедувал дека Бугарите од Македонија се Грци, а потоа велел дека луѓето во Македонија не се ни Бугари ни Грци туку Македонци, потомци на Александар Македонски. Чекаларов пишува за попот Герман дека дотолку се погрчил што зборувал на мешан бугарско-грчки јазик.

„Макар и да рековме да биде тајно, сите дознаа за нас, дури и гркоманскиот поп Герман побара да дојде кај нас. Му дозволивме и тој дојде. Тој брат дотолку се погрчил, што почна да ни говори еден бугарски збор, два грчки. Го покренавме прашањето за неговата народност, тој се потруди на секаков начин да ни докаже дека и ние сме Грци. Откако не успеа да ни покаже факти, какви што ние му побаравме, почна да ја развива историјата за големиот Александар Македонски, дека ние не сме ни Грци ни Бугари, а сме Македонци, без да помисли дека во Македонија има и Турци и Евреи и многу други нации. Човек, којшто не разбира историја е почне да проповеда со неа, тоа е многу смешно! Ние не сакавме да влегуваме во повеќе спорови со него и затоа го баталивме“

Целиот дневник на Васил Чекаларов можете да го прочитате овде.



Претходна статија

Каракачанов со реакција на реакцијата на МНР: Научете ја нашата заедничка историја и прекинете да ги заплашувате Бугарите да не гласаат во Македонија

Следна статија

(Видео) Слушнете ја прекрасната народна песна „Сјајна месечина“

Најново од Вести