| | |

КАКВА ЗИМА НÈ ОЧЕКУВА ГОДИНАВА?

Американската приватна метеоролошка компанија АкуУедр (AccuWeather) ја објави сезонската прогноза за климатската зима во Европа. Оваа прогноза се однесува на месеците декември, јануари и февруари.

Северна Европа и делови од Западна Европа може да очекуваат големи проблеми во вид на студени и чести бури што ќе донесат и големи количества врнежи. И иако почетокот на зимата во Европа нема да ги донесе вообичаените ниски температури за кои сме навикнати, предвидувањата велат дека крајот на зимата ќе биде многу поладно, со температури дури и под просекот за тој дел од годината.

Областа од јужниот дел на Шпанија, низ Италија и до балканскиот регион, може да ја очекува зимата со врнежи под просекот, што во споредба со влажнпото лето на Балканот значи сув есенски период.

„Помалку врнежи од дожд отколку што е вообичаено за зимата дополнително ќе ја зголеми можноста за суша, но и ризикот од пожари од јужна Шпанија до балканскиот регион.”

Оваа зима не се очекуваат снежни бури на Балканот, како што беше во 2016 година. Всушност, се очекуваат снежни периоди, но тие ќе бидат ретки и краткотрајни. Во просек, зимата 2018-2019 се очекува да биде поблага од претходните. Најголема шанса за снежни врнежи ќе биде во втората половина од зимата, односно кон крајот на јануари и февруари.

ДЕКЕМВРИ 2018: Поблаг и просечно влажен Декември.

Средната минимална температура на воздухот во декември ќе биде околу 1.6ºС над повеќегодишниот просек. Средната минимална температура на воздухот во декември се предвидува да биде околу 2,0 ºС. Средната максимална температура на воздухот во декември ќе биде над повеќегодишниот просек и тоа за околу 2,0°С. Средните вредности на врнежите во декември ќе бидат во рамките на повеќегодишниот просек, 46 мм.

ЈАНУАРИ 2019: Поблаг и просечно влажен јануари. Слаби до умерени мразови на крајот од втората и во третата недела од јануари.

Средната минимална температура на воздухот во јануари ќе биде над повеќегодишниот просек, околу 1.6ºС. Средната минимална температура на воздухот се очекува да изнесува 0,8 ºС, додека максималната ќе се движи околу 6,7°С. Средните вредности на врнежите во јануари ќе бидат во рамките на повеќегодишниот просек, и тоа околу 5мм под повеќегодишниот просек – околу 43 мм.

ФЕВРУАРИ 2019: Поблага и просечно влажна зима. Поблаг и просечно влажен февруари.

Средната минимална температура на воздухот во февруари ќе биде над повеќегодишниот просек за околу 1.4°С. Средната минимална температура на воздухот е предвидено да изнесува 2,2 ºС – максималната температура ќе биде над повеќегодишниот просек се предбидува да достигне 5.2 ° С. Средните вредности на врнежите во февруари ќе бидат во рамките на повеќегодишниот просек – околу 46 мм.

Граѓаните од Средна Европа ќе видат вистинска зима дури следната година, односно кон крајот на јануари. Во наредните месеци не се очекува многу снег и температури под просекот, но крајот на зимата или месец февруари треба да биде студено и со големи количини снег.

Балтичките земји, за разлика од остатокот од Европа, ќе имаат навистина снежно зимно време кое долго ќе трае и многу ниски температури.

Слични Објави