КАМЕЛИЈА НЕДЕВ ДРЖАВЕН ШАМПИОН ВО КАРАТЕ

На последното државно првенство во традиционално карате Камелија Недев освои прво место со што стана шампион на Македонија во дисциплината кихон-кумите за деца од шест до седум години.

Камелија е ќерка на каратистот Дејан Недев, а активно вежба една година. Ова е нејзин трет освоен медал во конкуренција на деца од шест до седум години. Тренери и се таткото Дејан, дедото Венцислав и чичкото Аљоша Недев.

По стапките на Камелија тргнаа и нејзините братучеди Софија и Филип кои исто така почнаа со карате тренинзите. Традицијата продолжува, ова ќе биде трета генерација каратисти од семејството Недеви.





Претходна статија

АРТУРО ВИДАЛ НАЈАВИ ЗАМИНУВАЊЕ ОД БАЕРН

Следна статија

БЕЛГИЈА ГО ОБЈАВИ КОНЕЧНИОТ СПИСОК – ОТПАДНА БЕНТЕКЕ

Најново од Спорт