КАМИОН УДРИЛ ВО ДВАЈЦА ПЕШАЦИ ВО ПРИЛЕП

Две жени со тешки повреди биле пренесени во болница кога во нив удрил камион.

Несреќата се случила вчера во 18.30 часот на булеварот Гоце Делчев во Прилеп. Според информациите на МВР, камион „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Н. Х. (47) од село Лажани, Прилепско, удрил во пешаците А. В. (48) и И. В. (25), двете од Прилеп.

И двете добиле тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.