КАНДИДАТОТ ЗА АМБАСАДОР НА МАКЕДОНИЈА ВО БРИСЕЛ, ПРБОДЕН ОД СОПРУГАТА ЗАРАДИ НЕВЕРСТВО ?!

Семејна расправија во домот на Игор П. кандидат за амбасадор на земјава во Брисел, пред четири дена завршила со ранување и пријава за семејно насилство, пишуваат македонските портали.

loading...

И.П. на сопругата Б.П. ѝ соопштил дека ја изневерува и е во врска со друга жена, таа најпрво се онесвестила, а кога се завртел да побара помош таа го прободела со нож во грбот, а потоа и на раката. Откако успеал да ја совлада била повикана Брза помош при што на И.П му биле констатирани тешки телесни повреди, а случајот бил пријавен во полиција, додека од страна на Игор.П поднесена била кривична пријава за семејно насилство.


loading...

Во билтенот на МВР за овој настан стои дека на 20 август во СВР Скопје било пријавено дека на ул.Питу Гули, по семејна расправија, Б.П. со остар предмет го повредила И.П.. Според пријавеното, претходно И.П. физички ја нападнал Б.П., по што таа му нанела убодна рана.