КАРАКАМИШЕВА: РУСКОСКА ЌЕ ЈА ИМА ИСТАТА УЛОГА КАКО ЈАНЕВА АКО СЕ ИЗГЛАСА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

//

Предлог законот за Јавно обвинителство се коси со 5 члена од Уставот. Ова го истакна професорката Тања Каракамишева во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

-Овој Закон практично се коси со 5 члена од Уставот, тоа се темелните вредности, пред се и над се, почитувањето на човековите слободи и права, бидејќи имаме доста одредби во законот којшто ги кршат човековите слободи и права на начинот на којшто е поставен законот, имаме проблем со владеење на правото, во голем дел од одредбите законот се поставува дури и над Уставот, го крши принципот на хиерархија и субординација во Јавното обвинителство, што е основниот столб врз којшто се изградува ова Јавно обвинителство и секако го крши принципот на еднаквост, каде што едните обвинителни се повеќе од другите, објасни Каракамишева.

Според неа, не е во прашање ниту реформа, ниту подобрување на квалитетот на Законот, ниту пак се содржани многуте препораки од меѓународните организации со цел подобрување на владеење на правото.

Таа рече дека ова е компилација на одредби коишто се селектирани зависно од потребите на оваа власт, односно желба на Заев СЈО да се инкорпорира во ОЈО, да се вдомат кадрите на СЈО повторно со истите привилегии и високи плати.

-Основно Јавно обвинителство ќе биде посебен буџетски корисник ако се усвои предлог законот, со кој ќе располага сега Вилма Русковска, а и во иднина затоа што никој нема да може да ја смени. Како што е поставено, против Русковска треба да гласаат 2/3 од Советот за јавни обвинители. Тие се поврзани со актуелното раководство и нема никогаш да се обезбедат 11 обвинители да гласаат против неа. Таа ќе располага со парите, таа ќе одлучува колку додатоци плус ќе се обезбедуваат за јавните обвинители, истото што го правеше Катица Јанева за што се шокиравме за ставките и за парите што се земени од нив, децидна е Каракамишева.



Професорката смета дека луѓето кои што биле вработени во СЈО треба да бидат предмет на сериозна анализа бидејќи работеле во СЈО и се под претпоставка дека не знаеле што се случува таму, не се стручни за работното место.

Извор: Курир

Претходна статија

СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 20 СТЕПЕНИ

Следна статија

СЕЛА: „ДВА ДЕНА РОК БЕСА И АЛТЕРАНТИВА ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОАЛИЦИЈА“

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи