КАТАЛОНЦИТЕ БЕА НА СОСТАНОК ВО МИЛАНО: ИНТЕР ДОГОВОРИ ЗАСИЛУВАЊЕ ОД БАРСЕЛОНА

Многу возбудувања се очекуваат во јануарскиот преоден рок, а овој пат во центар на внимание се најдоа Барселона и Интер, кои ќе соработуваат во текот на зимскиот проден рок.

„Газета дело Спорт“ објави дека управите на двата клубови вчера имале состанок во Милано, на кој се договориле за трансфер на Иван Ракитиќ.

Хрватскиот репрезентативец ќе се пресели во јануари во Интер на позајмица, а на лето клубот од „Џузепе Меаца“ ќе мора да го откупи за 30 милиони евра.

Ракитиќ има договор до 2021 година, а навивачите се бунат затоа што клубот сака да го продаде. Сепак, тренерот Ернесто Валверде не му дава многу шанса, па во моментов изгледа дека најдобро решение за него е да го напушти клубот.

Извор: Спорт1