Кавга поради Филипче во Собранието, Џафери за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се повикуваат на совеста, а не доаѓаат на работа

/

Жестока расправа во Собранието околу барањето на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница да се расправа за оставката на министерот за здравство Венко Филипче и тоа веднаш да се стави на дневниот ред. Немам јас добиено никаква оставка и немам што да ставам на дневен ред им одговори претседателот на Собранието Талат Џафери.

Оставката на член на Владата до претседателот на Собранието се поднесува преку претседателот на Владата. Имам добиено јас таков предмет, таков предлог од некого? Немам. Зошто? Ако има таков материјал, јас сум должен веднаш тоа да го доставам до вас. Што да доставам до вас кога не сум добил. А ме повикувате на прва наредна седница да одлучувам, за што да одлучувам. Ама вие читате само став 1 кој што мислите дека за јавноста ви одговара за процедурата овде, порача Талат Џафери.

По ова и расправата пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, а претходно бараа да биде итно ставена како точка на дневен ред, нивниот предлог за разрешување на Филипче и неговиот заменик Хасани.

По ова Џафери порача:



– Која е иронијата некој да се повика на мојата совест, повикувајќи се на загуба, на тага на тие што изгубија најмило, најдраго, членови на семејството во инцидент за кој истрагата е во тек. Иронијата е што решиле од совест да не учествуваат во работа за која се платени и должност им е да бидат на работа. Нема јас да ја ценам таа совест, ќе ја ценат граѓаните“, вели Џафери.


Извор:zoom.mk

Претходна статија

Осип на лицата кај дел од учениците, замор и главоболки, Народниот првобранител бара скратени часови, Царовска вели: Не одлучуваме ние

Следна статија

МНР на Бугарија: Ние немаме никаква врска со „нонпејперот“ за решавање на спорот меѓу Софија и Скопие и не можеме да го коментираме

Најново од Вести