Казнети 119 возачи во Скопје, од кои 59 за брзо возење

/

Полицијата во Скопје вчера казни 119 возачи од кои 59 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59, 10 санкции за возење без возачка дозвола, 13 за возење под дејство на алкохол, пет санкции за нерегистрирани возила“, велат од МВР.



Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Претходна статија

Ахмети во Чаир го најави следниот предизвик – претседател на државата Албанец

Следна статија

Шилегов: 4 милиони евра за инвертери за домаќинствата

Најново од Вести