Казнети 241 возачи во Скопје, 22 за користење мобилен телефон

/

Во текот на вчерашниот ден во контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 36 мерки за возење без возачка дозвола, три мерки за возење под дејство на алкохол.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, изречени се 28 мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, 22 санкции за користење мобилен телефон, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…



-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.



Претходна статија

Путин нареди делумна мобилизација во Русија

Следна статија

Перев: Името на Димитар Талев е зачувано во меморијата на старите прилепски родови

Најново од Вести