|

КФОР ја отстрани последната барикада на северот на Косово

Во објавата на КФОР на Твитер е посочено дека операциите за отстранување на барикадите се спроведуваат со цел да се врати слободата на движење.

Единицата на КФОР спроведе акција и отстрани два камиони на новиот мост кај Дудин Крш во северниот дел на Косовска Митровица, барикада која беше поставена во исто време со барикадата поставена во центарот на Косовска Митровица, како одговор на Србите од Косово поради апсењето на Милан Аџиќ, Слаѓан Трајковиќ и Дејан Пантиќ и присуството на специјалните единици на косовската полиција на север.

Камионите на тој мост беа запалени ноќта меѓу 28 и 29 декември, кога беше донесена одлука за повлекување на Србите од барикадите.

Извор: Слободен печат

Слични Објави