Кифли со зденка и маслинки
Состојки:
– 1 коцка свеж квасец
– 1 пециво
– 3 јајца
– 1 лажица сол
– 1 лажица шеќер
– 1 кг брашно
– 2 филџани масло
– 500мл млеко
Фил:
– 4-5 зденки
– маслинки
– сусам
Подготовка:
Во подлабок сад соединете ги брашното, пецивото, солта, 1 цело јајце, 2 белки и 2 филџани масло. Во садот додадете го и стасаниот квасец (претходно зафатен со лажичка шеќер неколку лажици брашно и млака вода). Млекото загрејте го и со него замесете меко тесто. Тестото оставете го да го зголеми волуменот и да нарасне. Потоа поделете го на четири дела. Од секое топче исучете округла кора со дебелина од 0.5 мм и поделете ја на 12 триаголници. Зденката соединете ја со исецканите маслинки.
По едно мало лажиче ставете врз секој триаголник и завиткајте кифличка. Така направете со сите триаголници. Оставете ги кифличките уште еднаш да нараснат и премачкајте ги со 2 жолчки помешани со малку масло. Врз секоја од нив ставете мало парченце маргарин или путер и наросете со сусам. Печете на загреана рерна на 180-200 степени 15-тина мин.
На здравје!