| |

КИНА ГО ИМА НОВИОТ „ВУХАН“: СТУДЕНТ ВРАТЕН ОД САД ЗАРАЗИ 70 ЛУЃЕ ВО ХАРБИН

Кинескиот град Харбин, во кој живеат 10 милиони луѓе, донесе драконски мерки за карантин против коронавирусот, откако таму се заразија луѓе со Ковид-19.

Преземени се мерки за спречување на новата епидемија на вирусот, откако студент кој се вратил од Њујорк заразил повеќе од 70 лица, објави „Дејли Меил“.

Официјалните власти забраниле собири и им наредиле на локалните заедници внимателно да ги следат посетителите кои не живеат во градот, како и возилата.

Во градот се поставени контролни пунктови на аеродромот и железничките станици за да се проверат оние што пристигнуваат во Харбин.

Слични Објави