КИРАЦОВСКИ ВО КРИВА ПАЛАНКА, КРАТОВО И РАНКОВЦЕ: ДОГОВОРОТ Е ПАТРИОТСКИ ЧИН, ГРАЃАНИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМ ЌЕ ГО ИМААТ КОНЕЧНИОТ ЗБОР!

//

Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ во текот на вчерашниот ден ги посетиопштините Крива Паланка, Кратово и Ранковце.
На средби со граѓаните Кирацовски разговараше за повеќе актуелни теми и прашања кои се во интерес на граѓаните а се осврна на Договорот којшто става крај на две и пол деценискиот спор којшто земјава ја влечеше надолу.

-Имаме Договор кој со право се нарекува историски, затоа што го обезбедува и зајакнува македонскиот идентет еднаш секогаш и ја отвора вратата за членство во ЕУ и НАТО. Ова е шанса, сите ние заедно, да испишеме нова, светла страница од историја за нашата држава! Земјата конечно да тргне по патот на евроатлантската интеграција и да стане дел од европското семејство. Тоа значи загарантирана стабилност и безбедност, значи јакнење на институциите и владеење на правото, значи заживување на економијата, инвестиции, поголеми плати, нови работни места и повеќе пари за граѓаните, рече Кирацовски.
Тој ги повика граѓаните да излезат на престојниот референдум и да кажат ДА за македонската иднина.

-Да ја искористиме таа можност и да кажеме ДА за Договорот кој успеа да го зачува и гарантира македонскиот идентитет и македонскиот јазик . Да кажеме ДА за македонската иднина и просперитетна европска Македонија, повика Кирацовски, додавајќи дека сите политички субјекти треба одговорно да се однесуваат и да овозможат граѓаните слободно да ја изразат својата волја.



– Никој не смее да ја кочи македонската иднина и да ги попречува граѓаните да го кажат последниот збор. Волјата на граѓаните, слободно изразена на референдум, е конечна. “ порача Кирацовски.



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ И КАРТЕЛОТ ПОТПИШАА КАПИТУЛАНТСКИ ДОГОВОР, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е ОШТЕТЕНА И ПОНИЖЕНА СТРАНА

Следна статија

ФЕЈК МАКЕДОНСКИ „БУГАРИ“ ПРАВЕЛЕ КРИМИНАЛ ВО ИТАЛИЈА

Најново од Вести