Ќе се судри ли Полска со ЕУ

/

Полска прави нови напори за да добие време во конфронтацијата со ЕУ за нејзиното повлекување од демократијата. Меѓутоа, Варшава ќе мора да направи некои вистински промени во политиката кои ќе одговараат на „затоплувањето“ на односите или ризикуваат губење на некои европски фондови.

Откако на власт во Полска е католичката и националистичка партија “Право и правдина”, однесувањето на Варшава стана една од главните главоболки за ЕУ, која е загрижена дека некои поранешни комунистички држави во Источна Европа стануваат авторитарни .

ЕУ се жали од активностите на Варшава за наметнување на владина контрола врз судовите и се заканува да преземе мерки за да ги заштити либералните вредности на заедницата. ЕУ, исто така, сака Полска да отстапи од одбивањето да прифати бегалци, за да го сподели товарот од кризата со бегалците од Блискиот исток.

Минатиот месец Беата Шидло ја напушти министер-претседателската функција по двегодишна конфронтација со Брисел.

Нејзиниот наследник – поранешниот банкар Матеуш Моравецки – негува помек тон како кон ЕУ, така и кон внатрешните противници, што укажува дека ПиП презема напори за смирување на тензиите со Брисел и за победа со поддршката на умерените гласачи дома.

Сепак, официјалните претставници и дипломати во Брисел велат дека не се подготвени да се „задоволат“ со зборови. Тие имаат други алатки кои можат да ги искористат за вршење притисок, особено во претстојниот круг од финансиски решенија за трошоците на ЕУ за 2021-2027 година Заедницата размислува да приложи услови кои можат да ограничат некои фондови за државите кои не ги покриваат стандарди за владеење на правото.

Моравецки нема да отстапи по главните конфликтни теми со Брисел, но може да понуди некои отстапки во други области како животната средина, вклучувајќи ги споровите за дрвната сеча и затегнувањето на правилата за емисиите на штетни гасови.



Напредокот во спорот со сечата може дури да биде претставен во Брисел како чекор напред во областа на владеењето на правото, бидејќи Брисел ја обвинува Варшава дека нарушува одлуки на Судот на ЕУ, бидејќи сече премногу дрвја, иако и беше кажано од специјален трибунал да запре со таа активност.

Дипломати во Брисел го посочуваат Орбан од Унгарија како пример за некој кој избегнува секакви големи одмазднички мерки од страна на заедницата, иако со години ја настројува ЕУ против себе.

Групите за човекови права велат дека неговите активности за зајакнување на притисокот врз критичарите, медиумите, судиите, академиците и невладините организации ја нишат демократијата. Тие потези се слични на чекорите што ги презема ПиП во Полска.

За разлика од Орбан, кој е на власт од 2010 година,  Моравецки сепак не бега од дискусијата за своите политики со Брисел, го одржува дијалогот отворен и од време на време нуди попусти.

“Полска треба да започне вистински дијалог, а потоа ќе видиме”, рече висок европски дипломат. “На крајот, добриот човек, расположен за дијалог без реални промени нема да биде доволен”.

Автор: Габриела Бачинска; Ројтерс

Претходна статија

Обединети во глупоста

Следна статија

Операцијата во Африн или имитирање војна

Најново од Анализи & Коментари