Ќофтиња од црвени пиперки

Магазин Храна

Состојки:
– печени црвени пиперки – околу 6 големи парчиња
– 250 гр. кравјо сирење
– 2 јајца
– 2 чешниња лук
– 4-5 лажици лебници трошки
– 1 лажица масло
– 1 лажичка сода бикарбона
– свеж магдонос
– сол
– 1/2 лажичка црн бибер
– масло – за пржење

Подготовка:
Испечените црвени пиперки излупете ги и ставете ги во цедалка за да се исцедат. Исечете ги  на ситно и ставете ги во сад. Додадете ги јајцата, сирењето, црниот бибер, содата, лебните трошки, маслото, истолчениот  лук и свежиот магдонос. Ако е потребно, се додава малку сол (додавањето на солта треба да биде под контрола, во зависност од соленоста на сирењето ).

Смесата покријте ја со фолија и оставете ја да отстои на ладно 30 минути. Со помош на лажица направете ги ќофтињата и рамномерно пржете ги од двете страни. Откако ќе бидат готови ставете ги на кујнаска хартија за да се исцедат од маслото. Смесата за ќофтиња треба да биде сува за да не се распаднат при пржење. Доколку сметате дека смесата не е доволно сува можете да ставите лебни трошки.

На здравје!