Ќофтиња од тиквички и магдонос

Магазин Храна

Состојки:
– 2 средни тиквички
– свеж магдонос
– 100 гр. сирење
– 2 јајца
– 2-3 лажици брашно
– 1/4 лажичка црвен пипер
– сол по вкус
– масло

Подготовка:
Исчистете ги тиквичките од семките и потоа изрендајте ги. Ставете ги во длабок сад, посолете и потоа исцедете ги.  Додадете го магдоносот, изренданото сирење и останатите производи и убаво измешајте. Загрејте го маслото. Со раката или со лажица направете ќофтиња и започнте да ги пржите на умерена температура по 3-4 минути од секоја страна. Послужете ги топли или ладни заедно со јогурт или лук по желба.

На здравје!