КОГА ЌЕ СФАТИШ ДЕКА НЕ ТЕ САКА…

/

Кога ќе сфатиш дека не те сака, а дека не секогаш било така, прво ти замрзнуваат солзите. Секоја останува таму каде што била, и бодликавата жица од солзи, ќе те огради од разумот. Ерозијата на златниот врв на заедништво ќе ти го наполни крвотокот со валкано разочарување.


Прашуваш: како?
Се прашуваш: зошто?

Ти се причинува дека си дала сѐ од себе, и она што ти е побарано да промениш, си менувала. Се обидуваш преку своите граници, па сфаќаш дека никаде не е идеално.

Кога ќе сфатиш дека не те сака, се оддалечуваш од целиот свет, иако се правиш дека си иста како што си била, дека се радуваш, одиш, молчиш. Можеби нешто ќе се примети по солзите скриени длабоко некаде, но не те гледаат луѓето таму каде што се раѓаат и паѓаат звездите. Кога ќе сфатиш дека не те сака, и подобро е што не гледаат.

Како да им кажеш „не ме сака“ кога очите те издаваат?
Не те сака секогаш кога ќе се почувствуваш осамено, ниту те сака кога на твоите проблеми ги крева рамениците и кажува нешто генерално, неодредено. Кога твоите работи не му се важни, постапките ги гледа од свој, не од твој агол.

Молчиш бидејќи не сакаш да го оптеретуваш со своите проблеми. Ако го сака твојот карактер, како пријателка, сестра, собарка или љубовница, не значи дека те сака и како жена. Кога ќе го сфатиш прво тоа, прво солзите ти се вкочануваат. Потоа рацете. Срцето.



Онаа трнлива вкочанета жица ти ја гребе самодовербата. Кога сфатиш дека не те сака, а долго не си сакала да видиш, во преостаната надеж капнува малку горчина и внимателност.

Но секој нареден пат ја повторуваш истата грешка. Пак мислиш дека те сака…



Претходна статија

ВЕЛИГДЕН- ГОЛЕМ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК И СИМБОЛИКАТА НА БОЈАДИСУВАЊЕ НА ЈАЈЦАТА

Следна статија

ЗА ШТО НАЈМНОГУ СЕ ГРИЖИ ЖЕНАТА ВАГА?

Најново од Љубовни приказни