КОИ ОД ЗНАЦИТЕ ВО ХОРОСКОПОТ СЕ „СКАРАНИ“ СО РОМАНТИКАТА?

Романтичните партнери си даваат цвеќиња без причина, организираат вечери со свеќи, ги подготвуваат омилените јадења за своите партнери, генерално прават гестови без да кажат збор колку е голема нивната љубов.

Романтиката дефинитивно не е силната страна на секој хороскопски знак. Не само што не се во состојба да направат нешто за своите партнери, туку и се чувствуваат непријатно ако некој ним им приреди романтично изненадување.

Кои се петте најненоромантични хороскопски знаци?

Водолија
Водолијата е многу интелигентна, креативна, и дефинитивно не е романтичен тип на личност. За нив романсата не се случува спонтано. Стандардните романтични гестови за нив се смешни, затоа тие им приоѓаат со иронија, вклучувајќи ги и оние на нивните најблиски, нивните пријатели, нивните колеги. Дури и да бидат сведоци на романтичен гест, дури и да не бил насочен кон нив, тие повеќе би се смееле и би рекле нешто саркастично отколку да се „потресат“ на чинот. Затоа, не трошете време за да изберете прекрасен букет цвеќиња за Денот на вљубените на пример. Ова нема да го промени нивниот став и дефинитивно нема да биде романтична порака за нив.

Близнаци
Ако Близнаците би можеле да зборуваат за љубовта како што зборуваат на сите други теми, во тоа никој не би можел да ги надмине. Романтиката е далеку поинаква за нив од зборовите „те сакам“. Можеби имаат најромантични намери на светот, но некако се губат по патот. За нив е тешко да ја покажат и изразат својата љубов. Ова ги тера нивните партнери да мислат дека повеќе не ги сакаат. Дури и во моменти кога се обидуваат да ја изразат својата љубов на романтичен или барем сентиментален начин, тие прават нешто потполно неромантично, како да се бунат против клишето.

Овен
Овенот е страстен, но кога станува збор за правење романтични работи, тој брзо губи интерес. Овните се како Водолиите. Тие претпочитаат да се држат настрана од конвенционалните „изопачени“ романтични гестови, што многу луѓе ги прават. Тоа ги вознемирува. Тие романтиката ја сметаат за досадна. Овните претпочитаат да направат нешто што би го ценеле ако се на местото на своите партнери, но не секој би скокал со падобран со авион, нели? Како импулсивни личности, љубители на екстремни активности за зголемување на адреналинот, тие би биле воодушевени од ваквото изненадување. За нив, ова е романтика – да се направи гест кој е специјално прилагоден на поединецот. Ако гестот излезе дека е неискрен или копиран од некој, тоа ги навредува наместо да ги возбудува.

Девица
Девиците ја покажуваат својата љубов на практичен начин. Тие се фокусираат на нештата кои се полезни за двајцата, како на пример да си одат дома заедно после работа или да пијат чаша вино на терасата. Понекогаш, јазикот на романтиката за Девиците е повеќе навредлив отколку нежен. Она што Девицата смета дека е романтично , едноставно може да биде како играњето на шах или спор поврзан за политика. Девиците не се романтични на традиционален начин. Во најголем дел, романтиката за нив е губење време и енергија.

Јарец
Јареците добиваат нешто како ментален и духовен грч кога станува збор за романтика. Ова е можеби најнеобичната работа за нив во сите аспекти на врската. Тоа не значи дека тие не се грижат за нивните најмили и на некој чуден начин ги „гушат“. Јарците секогаш се подготвени да направат нешто за партнерот, но исто така се и многу практични и не трошат пари и време на „глупости“, како што се цвеќиња и мечиња. Јареците мразат да им се навестува дека треба да бидат поромантични. Всушност, тие сметаат дека романтиката се наоѓа во секојдневните активности кои заедно се прават со партнерот. На пример готвењето заедно, чистењето по дома, гледањето на филм итн. За нив, поминувањето на време заедно е доволно. Јарците никогаш не лебдат во облаците!

Слични Објави