КОЈ ЈА ДАДЕ ДИРЕКТНАТА НАРЕДБА ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА ПЕТТЕ СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ?

Оваа ликвидација е извршена по директна наредба од дедото на Драган Павловиќ – Латас, Драган Павловиќ – Шиљо. 
За ова што го пишуваме говорат многу архивски докази. 
И кога ќе го величате Латас дека е прав “вмровец” сетете се на петте струмички студенти.
Сетете се на овој текст кој моментално го читате.

“Да живее ВМРО” ; “Долу експонентите на србизмот Лазар Колишевски, Михајло Апостолоски и нивните другари” ; “Да живее духот на Гоце Делчев и Даме Груев”.

Приказната за петте струмички студенти е приказна за една предвреме згасната младост, приказна за една љубов, кон нивните девојки, но и кон Организацијата! 
Приказна за тоа како тогашниот “мирољубив” комунистички режим се справуваше со Македонците кои сакаа своја држава, независна, демократска и обединета МАКЕДОНИЈА.
За тоа говори овај настан, кои на 11 август 1951 година беа киднапирани петте струмички студенти, а на 15 август комунистите нечовечки се изживувале врз нив, удирајќи ги со стапови и велејќи им: “Еве ви за Гоце, еве ви за Даме, еве ви и за ВМРО”, за на крај да им се испука по еден куршум во срцето и еден во главата. 
Згаснаа пет млади животи, но не и идејата за Независна и Обединета МАКЕДОНИЈА! 
Во тој режим, фокусот им беше насочен кон младата интелегенција, да се угнетува, да се вршат тортури, се со цел да се згасне нивниот стремеж за државотворност…
И ден денес тоа е така, УДБА е сеуште жива, се вршат тортури пак врз младите, врз младата интелегенција, врз тие кои сакаат демократија, слобода, врз тие кои си ја сакаат и почитуваат Организацијата и Македонија.

Тие вечно ќе останат запаметени како борци за слобода, за човекови правдини. 
Тие се и ќе бидат симбол за борбата за слобода и човекови правдини.

Еј, големи луѓе, вечна Ви слава, јас сум сигурен дека ќе успееме да го сочуваме ова парче земја за кое Вие ги дадовте вашите млади животи.

Пишува: Црвено-црниот