Кој прв ја претставува теоријата дека јазикот во книгите на Пејчиновиќ не е бугарски?

//

Пишува: Зоранчо Маринков

Во врска со дебатата што настана овие денови, околу делото на Кирил Пејчинович, после неговото прогласување за светец од страна на МПЦ-ОА, да видиме кој прв ја претставува теоријата дека јазикот во книгите на Пејчинович не е български.

Тоа не е никој друг, освен основоположникот на идеологијата на македонизмот – Стојан Новакович. Тој во една негова статија публикувана во 1889 год., за книгата на Кирил Пејчинович издадена во 1816 год., со заглавие “Книга сїѧ зовомаѧ ОГЛЕДАЛО / описасѧ ради потребы и ползованїѧ препростѣйшымъ и не книжнымъ Ѩзыкомъ Болгарскимъ долнiѧ Миссїи”, вели дека јазикот во неа не е български, а името на јазикот во заглавието изгледа било дадено од страна на некој коректор во печатницата во Будимпешта.

Стојан Новакович за постоењето на книгата на Кирил Пејчинович, научил од книгата на Атанас Шопов – La Macedoine Au Point De Vue Ethnographique, Historique Et Philologique, издадена во 1887 год. Тоа се гледа од писмото на Новакович испратено до Владимир Карич на 15 март 1888 год. , во кое писмо Новакович бара од Карич да ја најде книгата и да му ја испрати во Цариград.

Стојан Новакович во тоа време е српски амбасадор во Цариград, каде што работи со агентите на српската влада родени во Македонија – Наум Еврович и Коста Групчевич. Тие работат на издавање на Македонски весник и Македонски буквар, со цел ширење на српската култура и писменост во Македонија.

Владимир Карич е географ и општественик, директор на Просветно-политичкиот оддел на Министерството за надворешни работи на Србија, задолжен за ширење на српската пропаганда во Македонија, а од 1889 год. тој е назначен и за српски конзул во Скопје.

На 17 декември 1888 год. Новакович повторно пишува писмо до Карич, во кое жали што се уште ја нема книгата на Кирил Пејчинович. Тој бара од Карич, да го праша Милојко Веселинович – авторот на првиот македонски буквар, дали можеби тој ја има книгата.

Стојан Новакович на 29 декември 1888 год., испраќа ново писмо до Владимир Карич. Во него Новакович известува е радостен бидејќи ја добил книгата на Кирил Пејчинович, и во неа нашол ЕДЕН ЕДИНСВТЕН збор, којшто во однос на буквите Ћ и Ђ не звучел српски, туку български.

Значи според основоположникот на идеологијата на македонизмот, сите други зборови во книгата со заглавие “Книга сїѧ зовомаѧ ОГЛЕДАЛО / описасѧ ради потребы и ползованїѧ препростѣйшымъ и не книжнымъ Ѩзыкомъ Болгарскимъ долнiѧ Миссїи” – да ти звучеле српски.Писмата се објавени од синот на Стојан Новакович, во списанието на Друштвото Св.Сава – “Братсво”, во 1933 год,.



Да видиме што уште пишува Стојан Новакович за книгата на Кирил Пејчинович, во неговата статија “Ћ и Ђ во македонските народни дијалекти” публикувана во бр.XII на списанието “Глас” на Српската кралска академија во Белград 1889 година.

“Станува збор за Кирил Пејчинович-Тетовец, од кого останала една книга, отпечатена во Будим во 1816 година, а е напишана на дијалект на стариот Полог и неговите соседни краишта. Целосниот наслов на таа книга, меѓу нашиот свет, сè уште е малку позната гласи: “Книга сїѧ зовомаѧ ОГЛЕДАЛО / описасѧ ради потребы и ползованїѧ препростѣйшымъ и не книжнымъ Ѩзыкомъ Болгарскимъ долнiѧ Миссїи…”

“Таа беседа целата е напишана на народниот говор од тој крај, а покрај тоа на народен говор се напишани и пократки или подолги забелешки до молитвите. Иако јазикот во насловот е наречен бугарски, внатре во текстот тоа никаде не се споменува, а можеби заедно со “Долна Мизија” потекнува од некој учен коректор во Пешта…”

“Јазикот, пак, е мешавина од македонски и српски, кој се зборува покрај границите и заслужува посебен испит. За нас е многу важно што овој писател, кој подобро од кој било друг го претставува дијалектот што се протега меѓу прилепско-велешкиот и моравско-косовскиот, пишува ћ насекаде, според обичајот од тоа време и за ђ (што не е ни направено кога напишал Пејчиновиќ) и за ћ.”

Од друга страна, во истата статија Стојан Новакович вели дека браќата Миладиновци намерно ги “бугаризирале” песните во нивниот зборник “Български народни песни”, со цел што повеќе да ги приближеле кон бугарските дијалекти.

“Во зборникот на браќата Миладинови “Български народни песни” Загреб 1861. има голем број песни на прилепско-велешкиот дијалект. Кај многу од нив тоа е назначено со кратка забелешка “од Прилеп” ; кај многу за жал нема ниту таква забелешка, но можат лесно да се препознаат според сличноста на јазикот. Голем недостаток на тој обемен зборник, собран од разни страни, е тоа што покрај секоја песна не е внимателно посочено од каде е таа. Уште поголем недостаток е тоа што на транскрипцијата и е посветено мало и недоволно внимание.

Секојa чест за бугарското воодушевување на издавачите и неговите помагачи, но во зборникот, како што ќе се види подолу од моите цитати. има повеќе примери кои сведочат како дијалектичката физиономија, главната работа во ваквите изданија, е жртвувана или за бугарскиот обичај на пишување или за стремежот да се изедначат што повеќе дијалектите со бугарскиот (јазик), во она во кое што тие отстапуваат од бугарскиот, дури и ако токму тоа е нешто што требало да се изнесе и запази”.

Претходна статија

Европскиот парламент ќе гласа резолуција за влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната

Следна статија

МПО со протестно писмо до првите луѓе на државата Охајо, заради нивен проглас кој содржи невистинити наводи за емигрантите од географска Македонија во САД

Најново од Ваш став

Денот на булките

Facebook статус на Никица Корубин Деновиве во Велика Британија се сеќаваат на жртвите од Првата светска

(Не)промислена забрана

Fb статус на Никица Корубин “Забрана” е најспоменуваниот збор деновиве. И сите модалитети на истата. Организирано