Кој сака во кафана нека се вакцинира, во спротивно нема да може да влезе

/

Министерот за економија Крешник Бектеши ги појасни новите рестриктивни мерки кои ги донесе владата вчера, на барање на Комисијата за заразни болести. Како што вели тој, угостителските објекти ќе мора да ангажираат редари кои при влезот, на гостите ќе им бараат сертификат за примена вакцина против Ковид 19. Доколку не сте вакцинирани, нема да можете да влезете во ниту еден угостителски објект.

П-ри влез на секој гостин во угостителски објект ќе се бара потврда за вакцинација и тоа ќе го прават редарите што ќе ги организираат менаџерите на угостителските објекти, тоа е нивна обврска. Но, угостителските објекти што имаа капацитет помал од 30 луѓе немаат обврска да органзираат редарска служба. Во објектите кои имаат обврска да организираат редари ако најдеме невакцинирано лице, казна не плаќа тоа лице туку угостителот, објасни Бектеши.

Овие мерки ќе почнат да важат од 16-ти август, а угостителите кои нема да ги почитуваат овие правила, ќе плаќаат големи казни.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Нов тим бугарски пожарникари доаѓа во Пехчево

Следна статија

Уште седуммина од нарко групата од Грчец се договорија со Обвинителството

Најново од Вести