KOКОШКО, НЕ ГО СПОМНУВАЈ МОЕТО ИМЕ!

Да, миличка, гледаш дека постојам. И тоа како, прекрасна сум, нели? Уште сум и паметна, замисли, а ме изневери со тебе, било која и да си… И ти веднаш си помисли дека го откри светот.
Хелооуу, Колумбо, спушти се, прерно полета. Затоа што ти не си лебед, ти си кокошка.


Видете, кокошки се жени, за жал, без карактер, јадни, евтини души, а за нивниот памет не би да зборувам многу. Се е јасно.
Затоа би сакала, едноставно, со нивен речник, да им посочам: мажите се несозреани суштества кои своето семе го сејат насекаде, а вие го собирате.


И, видете, тие исти мажи дома клечејќи пред своите жени кои ги сакаат, се правдаат како Jay Z ja изневерил Beyonce, дека тоа се само минливи моменти, дека не ги изневериле емотивно, туку само физички, но тие секогаш се погрешно разбрани и мизерни. Но, и запоставени. Како ние веќе не сме исти.


Сме се промениле. Не сакаме доволно. Криви сме. Но да не должиме многу околу оправдувањето на мажите, со нив е лесно. Доволно е да им кажеме дека заминуваме, тие веднаш размислуваат на тоа дека нивната сопственост некој ќе ја допре.


Нивното е нивно, тоа мора да остане недопрено. Но ние жените го чуваме своето, го негуваме, пазиме и нема тука никаков пристап, па и ние ако одлучиме нема ни тој кој е наш.


Опасни сме ние жените, кога сакаме да бидеме. Затоа и сме привлечни. Неосвојливи тврдини. Морални, а моралот никогаш нема да остари. Сфаќаш, кокошко, морал. Што мислиш какво мислење всушност има за тебе, за вас? Ако воопшто мислиш, во што се сомневам.


Јас гледате дека не сум психолог, ниту сексолог, туку глас на изневерените жени, која има потреба да им каже на кокошките, кои си зеле за право да ги навредуваат жените кои се над нив во сите можни сегменти, што ние навистина мислиме за нив.


Ништо, баш ништо. Ако единствено срамот, не се вбројува во такво нешто, срамота за нашите драги мажи со какви жени го губат времето. Затоа вашето силно смеење, со кое мислите дека не понижувате нас, тоа ваше смеење, ве прави многу јадни кокошки.
Паметните жени не слушаат, ниту одговараат на кокодакањето, едноставно ги игнорираат.


За нас, паметните жени, единствениот виновник е ТОЈ. Запамтете, жена на еден човек, кој го поседувате, но никогаш не е негова вина што ве сака повеќе од едно празнење. До вас е. А до нас е дали ќе му простиме или не. Дали ќе им вратиме на ист начин или не. Но, верувајте, ни се може.


Јас лично го поддржувам изневерувањето, ако тоа ќе го подобри бракот, ќе го освежи, ќе ја оддрижи врската, се разбирам само едно не. „Кога кокошката ќе се замисли дека е лебед“ почнува да зборува, но не знае како.


Следниот пат добро измиј ја устата, пред да го спомнеш моето почитувано име.


Спушти го тој глупав поглед кога ќе ме сретнеш, бидејќи со тоа ќе добиеш малку од малку почит, дека од кокошка си напредувала до гуска.


Јас знам дека вие потајно нас ни се восхитувате, сега сакате да знаете што ние всушност имаме, затоа сме толку посебни. Никогаш нема да разберете, бидејќи вие не знаете да бидете.


Ова е прв и последен пат да имам потреба да ви се правдам во врска со нас жените. Ние сме доволно самоуверени, свесни сме за самите себе за да ви даваме некакво значење на вас небитните.


Поука: Ако еден маж посака да биде негова во целост, негов живот, неговото сѐ, ќе не разберете кога ќе бидете изневерени.


До тогаш, молчете.

Непознат автор