КОМИСИЈАТА ПРЕДЛАГА ХРОНИЧНО БОЛНИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ НА РАБОТА, А ПОРОДИЛНОТО ОТСУСТВО ДА ТРАЕ ДО ЈАНУАРИ

Комисијата за заразни болести предложи до Владата, хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста.

Комисијата предлага за работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството да им трае до 31.12.2020 година, а продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа.

За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата, информираат од Министерството за здравство.