КОЊАНИЦИ ОД СКОПЈЕ СЕ ТЕПАЛЕ СО КРУШЕВЧАНЕЦ, ПОЛИЦАЕЦ ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ЗА ДА ГИ СМИРИ

//

Синоќа на Гумење дошло до инцидент помеѓу лица кои со коњаницa од скопско Лисиче пристигнале во Крушево.

Тепачката настанала помеѓу неколку лица кои биле дел од коњаницата и еден крушевчанец од друга страна.

Од полицијата го потврдуваат инцидентот и велат дека кај нив е регистриран околу 2 часот утрово.

За да се смири состојбата, полицаец испупал предупредувачки куршум во воздух.

За инцидентот се огласи и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, кој ја прозва дури и Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ, која беше разрешена од позицијата техничка министерка за труд и социјална политика. Тој ја праша, дали лицата се дел од коњаницата од чиј дел е и таа.



„Дали Рашела Мизрахи со нејзините приврзаници, дел од коњаницата синоќа во Крушево дивееле и стварале немир врз мирољубивото население во Крушево? И покрај тоа што им беше укажано да останат во своето престојувалиште на,’Гумења‘ моите информации говорат дека после повеќе нарушувања на ЈРМ со карање, физички напади, меѓусебни тепачки, групирања, забави, а со тоа и непочитување на мерките, препораките и протоколите, реагирала полицијата за што се преземени соодветни мерки против сторителите. Зарем на овој начин со сквернавење на празникот ги почитувате нашите илинденци и дали на ваков начин им се оддолжувате за нивната борба за слобода? Дали ќе се оградите и ќе ги демантирате или барем осудите ваквите наводи?“, напиша Христоски на Фејсбук.

Извор: 360 степени



Претходна статија

РУСИЈА ПОЧНУВА СО ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД 19 ВО ОКТОМВРИ

Следна статија

УАПСЕН ВОДАЧ НА СЕКТА , КРИЕЛ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНА

Најново од Вести