|

Координаторот на Ковид центарот во Тетово: Имало некој спој, а потоа за 3 минути целиот објект бил во пламен

Координаторот на Ковид центарот во Тетово вели дека за само три минути целиот објект, односно Ковид центар бил целосно во пламен. Како што вели Гзим Нуредини, вели затоа веднаш побарале обвинители и експерти за увид, бидејќи чудно е како така брзо се проширил пожарот.

-Ние не сме експерти и затоа веднаш истата ноќ побаравме Јавен обвинител, МВР да интервенираат, оти неккако чудно ни беше тоа за три минути се да отиде во пламен, да остане само железо, вели Нуредини, додавајќи дека целосен и најрелевантен одговор треба да дадат надлежните служби.

-Докторите кои биле таму, наводно осетиле дека има некаков спој, па одма пламен и биле збунети, но немаме некакви јасни информации засега за инцидентот, вели Нуредини.

Извор: zoom.mk



Слични Објави