Крем супа од печурки

/

Состојки:
– 700 гр. печурки
– 40 гр. сушени печурки Шитаке
– 1 компир
– 1 кромид
– 3 чешниња лук
– 1 праз
– мајчина душица
– 1 литар супа од зеленчук
– 2-3 лажици маслиново масло
– 80 гр. путер
– 1 лажичка сол
– 3 литри вода

Подготовка:
Измијте го зеленчукот и исечете го на ситно. Измијте ги печурките исчистете ги од дршките и исушете со кујнска крпа.

Во тавче стопете го путерот и додадете 1 лажица маслиново масло. Ставете ги кромидот, празот и компирите да се подзапржат. Кога ќе омекнат додадете ги мајчината душичка и изгмечениот лук. Откако зеленчукот ќе омекне додадете 1 литар зеленчукова супа и оставете ја да врие на тивок оган.

Во тава со маслиново масло ставете ги печурките (исечени) да се пржат. Кога ќе ја сменат бојата ставете ги и сушените печурки. Тргнете на страна половина од печурките. Другата половина додадете ја во тавата со зеленчукот. Зачинете. Додадете ја преостанатата вода и оставете да се вари околу 20 минути. Ставете се во блендер се додека не добиете хомогена смеса. Потоа додадете ја останатата половина со печурки. Откако супата ќе проврие можете да ја сервирате.



На здравје!

 

На здравје.

Претходна статија

Најчистите држави во светот

Следна статија

Кој спомна пренаселеност???

Најново од Магазин