Кривична пријава против дебарчанец за предизвикување шумски пожар

/

СВР Охрид-ОВР Дебар вчера до Основното јавно обвинителство Дебар, поднесе една кривична пријава во врска со пожар настанат на 8 август во село Бомово, дебарско, против Б.М.(60) од Дебар, за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, по член 227 од Кривичниот законик.

Во текот на вчерашниот ден, во врска со пожар за кој вчера било пријавено дека настанал во село Горно Мелничани, дебарско, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Република Албанија) и во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од село Броштица. По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Од ковид-19 почина 28-годишна медицинска сестра од Кичево

Следна статија

Во угостителските објекти ќе може да влезат и граѓаните кои прележале ковид-19

Најново од Вести

Без вода делови на Чаир

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваaт дека поради уличен дефект ф 300 мм на Бул. Македонско-косовска