КРСТЕ ВЕЛКОСКИ ОТПАДНА ОД СОСТАВОТ – ЈА ПОВРЕДИ ЗАДНАТА ЛОЖА

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски, капитенот на босански Сарајево отпадна од списокот за претстојните два евроквалификациски мечеви со Словенија задутре во Скопје и со Полска в недела во Варшава, откако синоќа ја повредил задната ложа.

Велковски се повредил при еден спринт на вчерашниот прв тренинг по стартот на подготовките за двата клучни евроквалификациски мечеви, па денешната магнетна резонанца покажала дека има истегнување и хематом на бутниот мускул, поради што ќе мора да паузира до три недели.

Велкоски е третиот фудбалер на Македонија кој поради повреда на задната ложа нема да биде во комбинација за настап за претстојните два меча, откако поради таква повреда прво отпадна стоперот Дарко Велковски, а потоа и фудбалерот за врска Енис Барди.

Засега нема најава дали селекторот Игор Ангеловски ќе повика нов фудбалер во составот за овие два меча.

Извор: Спорт1



Слични Објави