|

Лабораториска студија покажа: Бројот на антитела во пад 6 месеци по вакцинација со „Синовак“

Кинеските истражувачи известуваат за наодите од студијата врз основа на примероци од крв од здрави лица на возраст од 18 и 59 години, пренесува Ројтерс.

Антителата која се создаваат по кинеската вакцина „Синовак“ против Ковид-19, паднале под клучниот праг за околу шест месеци по втората доза. Ова е утврдено кај најголем дел од лицата кои ја примиле оваа вакцина, додека третата доза имале силен активирачки ефект, се наведува во една лабораториска студија.

Меѓу учесниците во истражувањето кои примиле две дози во временски период од две до четири недели се само 16,9 проценти, односно 32,2 проценти имале се уште неутрализирачки антитела кои се над она што се смета за праг.

Индонезија и Тајланд веќе се договориле како трета доза да ја даваат вакцината „Модерна“ или „Фајзер“. Турција почна да нуди трета доза „Синовак“ или „Фајзер“ за некои луѓе кои претходно се вакцинирале со „Синовак“.

Кон крајот на јуни, „Синовак“ испорача над милијарда дози кои се склучни за имунизација во Кина, Бразил, Индонезија и Чиле.

Извор: zoom.mk

Слични Објави