Лазања со пилешко месо

/

Состојки:
– 300 гр. кори за лазањи
– 750 гр. пилешко месо
– 750 гр. домати
– 1 парче морков
– 1 мал кромид
– 1 чешне лук
– 125 гр. моцарела
– 1-2 лажици маслиново масло
– 1 лажичка оригано
– 1 лажичка босилек
– бибер по вкус
– сол по вкус
– 2 филџани свежо млеко
– 4 лажици брашно
– 4 лажици путер
– 1 прстофат морско оревче

Подготовка:
Исечете го кромидот, лукот и морковот и запржете ги во претходно загреано маслиново масло. Откако ќе омекнат додадете го пилешкото месо кое сте го исекле на мали коцки. Додадете бибер и сол. Потоа додадете ги доматите (ситно исецкани). Оставете го јадењето да врие на тивок оган. Непосредно пред намалување на течноста додадете ги другите зачини.

Подгответе го сосот од бешамел. Во растопен путер, пржете го брашното со постојано мешање и постепено додавајте го свежото млеко. Мешајте се додека сосот не се згусне. Додадете малку сол и морско оревче.



На дното од правоаголно тавче ставете од бешамел сосот потоа еден ред кори за лазањи па од пилешкото месо, бешамел, кори, пилешко месо и се така додека не се потрошат сите состојки. Последниот ред мора да заврши со филот од пилешко месо. Лазањата се пече околу 40 минути на средна температура. Кратко пред лазањата целосно да биде готова, ставете ја моцарелата да се потпече.

На здравје!

Претходна статија

Знаци кои покажуваат дека ТОЈ нема да биде добар сопруг

Следна статија

8 работи што секој пар треба да ги направи барем еднаш

Најново од Магазин