Лични карти може да се подигнат и в сабота и в недела

/

Во пресрет на претстојните локални избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16.10., сабота, ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08 до 16 часот.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ во сабота, 16 октомври, ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08 до 16 часот.

Во недела, пак, на 17.10., сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07 до 19 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево).



Извор: Темите

Претходна статија

Уапсен жител на Липково, сакал илегално да ја премине границата, а е баран за издржување казна затвор

Следна статија

Европска комисија: Бугарските пасоши за македонските граѓани не се проблем

Најново од Вести