ЛИДЕР: ТИХОМИР ЈАНЧОВСКИ ПРВ ПРАВИ ПРОМОЦИЈА НА АУДИО КНИГА ВО МАКЕДОНИЈА

/

За прв пат македонската публика ќе има можност едно дело да го слуша во аудио формат.

Во среда со почеток во 20:30 во Планетариум (МКЦ) ќе се одржи промоцијата на аудио верзија од поетскиот роман „Лидија или се што знам за жените“ од реномираниот македонски автор Тихомир Јанчовски, јавува Лидер.

Овој поетски роман е издаден одамна, но за прв пат пред македонските читатели ќе биде испромовиран во аудио форма. Според модераторката на настанот, Магдалена Стојмановиќ овој настан е од исклучително значење бидејќи е пионерски проект за помирување и интеграција на технологијата и уметноста.

-Со тој обид покажуваме дека технологијата не е загрозување на уметноста, туку напротив може да ја негува и унапредува. Аудио книгите се погодни за луѓе што многу патуваат или немаат доволно време да посветат само на читање на книгата. – вели Стојмановиќ.
Освен обраќање на модераторот, македонската публика ќе проследи и инсерти од аудио книгата збогатени со визуелни ефекти во „Планетариум“.



Јанчовски важи за еден од најпознатите современи македонски автори кој издава поетски романи, збирки поезија и се занимава со преведувачка дејност.

Претходна статија

ИГОР ЈУГ СО ПОРАКА ЗА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ПОСЛЕДНИОТ ВОДАЧ НА ВМРО, ИВАН МИХАЈЛОВ

Следна статија

УТВРДЕНА ПОТРЕБАТА ОД ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО

Најново од Истакнато

Потрага по идентитетот

Facebook статус на Никица Корубин Три достапни документи: Преговарачката рамка на 25 страници, Заклучоците на Советот

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да