ЉУБОВЕН ХОРОСКОП 21-25 МАЈ
Овен
Во новата недела, родените под знакот на Овен ќе бидат добитни во однос на љубовта. Ќе бидете во хармонија со вашиот/та партнер/ка, комуникацијата ќе ви биде на совршено ниво.
Бик
Новите врски имаат огромен потенцијал да се развијат во нешто трајно и убаво. На долготрајните врски пак им дојде времето да прераснат во нешто повеќе.
Близнаци
Не ги присилувајте и не ги притискајте работите бидејќи има голема шанса да го/ ја исплашите вашиот/та партнер/ка. Би било подобро да ги оставите работите да се случуваат спонтано и да видите што подготвила судбината за вас.
Рак
На почетокот на оваа недела ќе почувствувате тензии поврзани со вашите финансии. Не го покажувајте тоа пред партнерот/ката, бидејќи грижите ќе бидат краткотрајни.
Лав
Започнува периодот во кој вашето магнетско привлекување ќе донесе нови обожаватели и ќе го натера вашиот партнер да се заљуби уште посилно во вас.
Девица
Оваа недела ќе се чувствувате многу самоуверени и ќе ги донесувате одлуки кои многу ќе го променат вашиот љубовен живот.
Вага
Социјалниот живот на Вагата оваа недела нуди многу можности за нови познанства. Ако сте во врска, држете дистанца за да не предизвикате непотребна љубомора кај вашиот/та партнер/ка.
Скорпија
Имате потреба да се чувствувате безгрижно, сакано и ценето. Можеби веќе не сте задоволни со вашата врска и време ви е за сериозен разговор.
Стрелец
Типично, претставниците на овој знак секогаш го кажуваат тоа што го мислат и чувствуваат. Ако вашиот партнер не сака да слушне што имате да му кажете, веројатно вие ќе одлучите дека не сте веќе еден за друг. Не брзајте во одлуките.
Јарец
Вашиот партнер може да одлучи да ве изненади на романтичен начин. Вам ви претстои возбудлива и љубовна недела.
Водолија
Оваа недела ќе ја почувствувате хемијата помеѓу вас и вашиот колега или вашиот сосед. Прашањето ќе биде само до каде сакате да одите…
Риба
Оваа недела во љубовта ќе се замешаат и финанскиските прашања но на позитивен начин. Постои можност за одлука за заедничко живеење а оние кое веќе живеат заедно одлука за некое убаво патување.