Љубовен колач

Состојки:
– 3 јајца
– 1 пакетче ванилин шеќер
– 1 пакетче прашок за пециво
– 2 чаши шеќер (од 200 грама)
– 1 чаша млеко (200 мл.)
– 1 чаша масло (200 мл.)
– 3 чаши брашно (од 200 грама)
– лажица цимет
– 400 грама суво овошје по избор
– 1 лимон
– 1 портокал
– 100 грама чоколадо
– цимет за посипување

Подготовка:
Мешајте ги 3-те белки со помош на миксер се додека не добиете цврста смеса, а потоа додадете ги жолчките, ванилиниот шеќер, шеќерот, прашокот за пециво, млекото, маслото, брашното и циметот, а потоа на бавна брзина мешајте ја смесата со миксерот за да се обединат.

Додадете ги ситно сецканите суви плодови по ваш избор (брусница, суво грозје, суви кајсии, суви смокви, сушен ананас …)

Изрендајте ја кората од лимон, ставете го ситно исецканиот портокал и 100 гр. чоколадо и откако убаво ќе измешате ставете ја оваа смеса на намрсена тава. Потоа ставете го тестото и печете на 180 степени околу 50-55 минути (во зависност од јачината на рерната). Откако ќе се испече колачот посипете со цимет.

На здравје!

 

Слични Објави