Мафини со банани и чоколаден прелив

Состојки:
– 1 чаша шеќер
– 1 чаша масло
– 2 чаши брашно
– 1 чаша јогурт
– 1 лажичка сода бикарбона
– 1 пакетче ванила
– 1-2 лажици какао
– банани

Прелив:
– 3 лажици какао
– 2 лажици шеќер во прав
– 3 лажици путер
– вода или свежо млеко

Подготовка:
Измешајте ги шеќерот и јогуртот (се додека не се стопи шеќерот). Додадете ги маслото и ванилата. Потоа измешајте ги какаото и содата и додадете ги во другите состојки. Мешајте се додека не добиете хомогена смеса. На крај додадете го брашното. Не смее да има грутки. Оставете го тестото да се одмори околу 15 минути. Во специјалната тава за мафини ставете 1 лажица од тестото па бананите па повторно од смесата. Печете на 200 степени, околу 45 минути.

Кога ќе бидат готови направете го преливот. Измешајте го какаото со шеќерот во прав и 3-4 лажици свежо млеко или вода.

Путерот измешајте го со смесата од какао. Ставете ја оваа мешавина на пареа имешајте се додека не добиете течен крем. Кога ќе биде готов кремот ставете го врз мафините.

На здравје!



Слични Објави